Македонија „24 Анализа“

Бојковска: Нема да има повластени пред законот, секој што сторил криминал ќе одговара

Бојковска се осврна и на работата на Министерството за внатрешни работи кога беше под раководство на Оливер Спасовски, посочувајќи дека во тоа време имало партизација и непрофесионалност во поставувањето кадри.

Бојковска: Нема да има повластени пред законот, секој што сторил криминал ќе одговара

На вечерашната емисија „24 Анализа“, на телевизија 24, гостуваше и пратеничката Драгана Бојковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и се осврна на важноста на борбата против криминалот и корупцијата. Бојковска нагласи дека ова беше едно од клучните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ за време на предизборната кампања.

„Најпрво сакам да потенцирам едно важно прашање, а тоа е она кое го ветувавме во нашиот предизборен период и кое што беше едно од трите столба кое што го ветувавме како ВМРО-ДПМНЕ доколку дојдеме на власт, и се испостави сериозна борба против криминалот и корупцијата во оваа држава. Што всушност значи во овој случај дека без разлика кој каде е и што е дека треба да има одговорност и дека оние кои што потенциравме дека сториле одреден криминал ќе одговараат“, изјави Бојковска.

Бојковска нагласи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е решена да расчисти со оние кои ги прекршиле законите.

„Секако дека и во овој случај се испоставува истото, дека Министерството за внатрешни работи, владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е решена да расчисти со оние кои што се огрешени пред законот“, рече Бојковска.

Бојковска додаде дека нема да има повластени лица пред законот, и дека за тоа стои цврсто.

„Ниту еден нема да биде повластен пред законот и тоа е единствената заложба за која што цврсто стојам зад истата, нема да имаме веќе повластени поединци“, истакна Бојковска.

Бојковска се осврна и на работата на Министерството за внатрешни работи кога беше под раководство на Оливер Спасовски, посочувајќи дека во тоа време имало партизација и непрофесионалност во поставувањето кадри.

„Во минатото јас не видов случај во кој што се реши некој поголем коруптивен скандал како што беше најавувано додека беа СДС на власт, така што и ова е едно дело каде што оние што истакнувавме дека се погрешиле пред законот треба да одговараат. Имаме таму и професионални кадри кои што си ја вршат како што треба задачата, но факт е дека во изминатиот период под раководство на СДС, додека министерот Оливер Спасовски го раководеше Министерството, имаше тотална партизација во Министерството за внатрешни работи и беа поставувани кадри на еден непрофесионален начин “, рече Бојковска.

Бојковска потврди дека ако има и било какви пропусти во постапувањето на полициските службеници, тие ќе одговараат.

„Јас верувам дека и овој случај, доколку имало, и министерот Панче Тошковски го истакнал истото дека полициските службеници, секој оној кој што не постапил согласно правилата и законот, треба да одговара“, заклучи Бојковска.

Најнови вести од Македонија

To top