Блерим Беџити о го повика поранешниот сопартиец Артан Груби да се врати.
– Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи, станува збор за случајот со Држанна лотарија, а не за црната листа на САД, тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, и како носител на јавна функција, ако е чист како што кажува или пак прекршил закон, тоа треба се констатира во органите. Се надевам дека поскоро ќе се соочи, тој, и многу други – изјави организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати.
– ДУИ и СДСМ да го осудат бегството на криминалецот од црната листа на САД, Груби, и да го повикаат да се врати. ДУИ треба јавно да каже дали го поддржува бегството на криминалецот од црната листа на САД, Груби? – изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков,
Од СДСМ, пак, не го осудија бегството на Груби и не го повикаа да се врати за да се соочи со правдата, туку го обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека се договорила со ДУИ да го пуштат да избега.