Од денот на распишувањето на претседателските и парламетнарните избори, Антикорупциска оформила вкупно 45 предмети за кои имаат сомневања дека се поврзани со коруптивни дејанија, а од државните институции добиле околу 400 барања за мислење што смеат, а што не смеат да прават за време на кампањата по што исто така се изготвени предмети, информираше Татјана Димитровска, во интервју за Радио Слободна Европа.
-Офоремни се 41 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос. 21 предмет има оформено ДКСК по овој основ. Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети, рече Димитровска од ДКСК.
Димитровска вели дека Антикорупциската комисија исто така ќе покрене иницијатива за утврдување на одговорност кај инситуциите во врска со постапката за прием на нови 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, откако Вишиот управен суд одлучи да ја одбие жалбата на Академијата со што постапката за полагање на испити и засновање на работен однос беше ставен во мирување се до завршувањето на изборите.
-Со ова не завршува постапката пред Државната комисија за спречување на корупција, согласно нашите законски надлежности и обврски, во рокот 15 дена, од правосилност на оваа одлука, имаме обврска да покренеме иницијатива за покренување одговорност кај надлежните институции. Тече рокот за спроведување на оваа активност и во законски утврдениот рок ке ја испочитуваме, рече Татјана Димитровска од ДКСК.
ДКСК по сопствена иницијатива во изминатиот период оформи два предмети. Едниот се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана, а вториот предмет за набавка на медицинските возила во Министерството од здравство.