Македонија АНКЕТА: Мнозинството поддржуав одложени уставни измени

Анкета: 52 насто од граѓаните прифаќаат уставни измени со одложено дејство, 42% не

42 проценти се против промена на уставот и со ваков услов. Гледано етнички, 49% Македонци се противат на уставни измени со одложено дејство, а за 42 се прифатливи. Кај Албанците, 52 се за, а 39 насто се против вакво решение.

Анкета: 52 насто од граѓаните прифаќаат уставни измени со одложено дејство, 42% не

52 насто од граѓаните прифаќаат уставни измени со одложено дејство кои би стапиле на сила со влезот на Македонија во ЕУ, вели последната анкета на на Ипис, направена со телефонски и теренски дел  – едната во периодот од 9-ти  до 13 октомври на 1500, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници. Информациите од неа ги пренесе премиерот Христијан Мицкоски на првиот брифинг со новинарите по стартот на новата влада, брифинг кој траеше околу два часа со 30-на новинари во Клубот на пратеници..

42 проценти се против промена на уставот и со ваков услов. Гледано етнички, 49% Македонци се противат на уставни измени со одложено дејство, а за 42 се прифатливи. Кај Албанците, 52 се за, а 39 насто се против вакво решение.

Во истата анкета, 47 насто од Македонците се против уставни измени со гаранции од Европскиот парламент со истовремена регистрација на македонските здруженија во Бугарија, а 44 насто се согласуваат со вакви гаранции. Кај Албанците, дури 77 насто се согласни со ваков чин, а кај останатите заедници 40 проценти се противат на ваквиот чекор.

Против прифажањето на Францускиот предлог се 53 насто од граѓаните, а 28 насто се согласуваат со него. 19% не одговориле. Кај Македонците, 66% се против, а само 18 насто го прифаќаат.

To top