Опозицијата знее дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да биде последниот услов, меѓутоа се обидува и понатаму да ја лаже македонската јавност и да си ги лажат сопствените членови, изјави Страшо Ангеловски претседател на МААК во гостувањето во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија на новинарот Љупчо Цветановски одговарајќи на поставеното прашање во однос на изјавите на претседателот на СДСМ Венко Филипче за можноста дека внесувањето на Бугарите во Уставот можеби нема да бил последниот услов на Бугарија.
-Власта седум години со своите погрешни политики нè донесе до оваа состојба. Сега некој треба да ги решава последиците. Македонија се враќа на ниво на достоинство, но потребна е многу работа, рече Ангеловски.
Тој оцени дека во СДСМ се обидуваат да се трансформираат „од невладина организација повторно во политичка партија“, поради што повторно се враќаат на патриотската реторика и темите поврзани со националните интереси.
-Дека повторно, таа невладина организација СДСМ сака да се трансформира повторно во политичка партија, па затоа повторно ќе се навлекува на патриотизмот и на заштитата на националните интереси, истакна Ангеловски.
Говорејќи за социјалдемократијата, Ангеловски посочи дека „вистинската социјалдемократија секогаш содржи елемент на суверенизам“, наведувајќи го примерот на Вили Брант. Според него, современиот либерализам во ЕУ е „нова форма на идеологија“ која, како што истакна, го потиснува идентитетското прашање на европските народи.
-Новите геополитички процеси водат кон создавање светска заедница на идентитети. Не е случајно што официјална Софија брза да го релативизира нашиот идентитет – затоа што во мултиполарниот свет само народите што ќе го зачуваат својот идентитет ќе бидат рамноправни, изјави претседателот на МААК.
Вчера, на настан посветен на Националната конвенција за Европската Унија, Венко Филипче несвојствено за него ја отвори сдмовската душа и призна дека, верувале или не, нема гаранција дека билатералното прашање со соседна Бугарија ќе остане единствениот услов за напредок во процесот?!
Сфати ли, конечно, Филипче дека пристискањето за внос на истите во Уставот ги донесе СДС на ова дереџе на политичката сцена во Македонија?
Од рубриката „верувале или не“, но тој денеска истакна и дека нема гаранција дека билатералното прашање со соседна Бугарија ќе остане единствениот услов за напредок во процесот.
„Можно е да не биде единствен услов решавањето на билатералниот проблем со еден од соседите.“ изјави Венко, кој до вчера како слеп за стап притискаше за спроведување на истите тие уставни измени, колку и да се диктат, условување и бугарска уцена.
Познавачите велат дека ова е само една нова епизода на Филипче, кој откако ќе добие некоја воспитна од Заев, повторно ќе запне за спроведување на уставните измени. Несреќен излет на искреност, кој ќе заврши со ќотек од менторот од Муртино…
Во продолжение целото гостување на Ангеловски во „За или против“: