-Значи, на институциите треба сите ние, посебно во оваа ситуација кога гледаме дека се обидуваат да бидат непристрасни и непартиски, на тие и такви институции да им дадеме силна поддршка за да ја истераат работата до крај, порача претседателот на МААК, Страшо Ангеловски во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски.
-Она што се случува во Србија треба да ни биде поука, истото сега почнува да се случува кај нас. Ги побараа во Србија сите документи околу уривањето на настрешницата во Нови Сад, тоа се случува и кај нас – да им биле дадени документите за да видат, не. Во Србија викаат – институциите да функционираат, оние блокаторите, а истите ги блокираат институциите, посочи Ангеловски.
-Искрено ќе ти кажам, јас ќе бидам првиот, кој, иако се наоѓа во владината коалиција, ќе излезам и прв ќе го повикам народот на протести доколку се соочиме со ситуација во која ќе се штитат „нашите“, а ќе се затвораат „вашите“. Почетната разврска на случувањата дава надеж дека нема да биде така, односно дека сите кои се виновни ќе бидат ставени во рамката на виновните, а сите кои не се виновни, независно дали се мои најголеми политички непријатели не смееме ниту да ги казниме, ниту да бараме одговорност од нив. Мораме така да постапиме. Исто така, како народ, како што во 1941-та, со инстинкт и со желба да се создаде држава, влеговме во војна од која создадовме држава, застанувајќи на страната на антифашистичката коалиција. Во моментот во светот се создава антилиберална колаиција, а нашиот народ и нашата држава мора јасно и недвосмислено да застанеме на страната на антилибералната коалиција, која веќе ја започна војната со либерализмот, корупцијата и да се угледаме на сето она што во моментот се случува во САД, порача Ангеловски, кој изјави дека на министерот за внатрешни работи Тошковски на самиот почеток му испратил порака за силна поддршка во справувањето со трагедијата која ја зави Македонија во црно.