Локални избори 2025
Свесни сме дека ние уште од најмлади бебешки денови, па се до нашата длабока старост избираме. Најпрвин помеѓу, благото и горчливото, па помеѓу соленото и блуткавото, потоа помеѓу топлото и ладното, па помеѓу доброто и злото, правдата и неправдата, помеѓу лагата и вистината и секако помеѓу моралот и неморалот. Но, можеби најсудбоносен избор е нашиот избор кој да владее во наше име и за наш интерес. Со тој избор ние избираме за себе, за своите блиски, за животот, за работата, за образованието, за нашиот стандард, како и за сегашноста и иднината. Така ја одредуваме нашата судбина, судбината на најблиските, и судбината на сите во заедницата – во општината, во градот и во селото. Токму овие наши избори ги правиме на Локалните избори 2025, на кои се одлучува кој ќе ја менаџира нашата локална заеница.
Прво прашање што се наметнува е како се определуваме на кого ќе му ја дадеме довербата и закого ќе гчасаме? Најчесто тоа го правиме со прифаќање или не на пораките упатени до нас од страна на кандидатите за градоначалници и советници во советите во општините. Ги “мериме“ нивните слогани, ги анализираме понудените проекти што ни ги нудат, а богами ги оценуваме и нивните ветувања – дали се искрени, реални и остварливи. Инаку, зборот “слоган“, не доаѓа од областа на маркетингот(како што мислат повеќето луѓе), туку е воен извик од 16-от век на Галите од Шкотска. Потекнува од slough-gaim, збор кој буквално значи воен повик. Со таков извик Шкотите се охрабрувале и оделе во битка во која победувале. По таа воена логика, маркетарите одамна измислуваат соодветни слогани, кои вршат персуазија и влијание, како во бизнис сверата, така и во политиката. Најпрвин тоа го правеа со економски и политички маркетинг, па со социјален маркетинг, а во последно време со брендинг(политички, партиски, персонален) и позитивен публицитет. Ете, колку да се знае дека тој “воен јазик“ од 16-от век, денес е главна алтка со која политичарите се убедуваат да го “купат“ токму нашиот глас. А тој наш глас е една “мала“ капка вода во големо “море од гласови“. Мала капка, ама многу значајна. Најпрвин бидејќи е наша и само наша, а потоа и затоа што само од нас самите зависи каде ќе ја насочиме, усмериме. На кое ветување ќе ја дадиме. На прв поглед изгледа многу едноставно, ама не е баш така.
Во процесот на нашето определување треба да се раководиме од свесни, а не од несвесни причини. Во одлучувањето треба да покажиме рационалност, а не да се однесуваме ирационално. На крај треба да се определиме дали ќе сме себични или пак не себични, кога одлучуваме за нашите најбитни животни прашања. Доколку овие три дихотомии успешно ги совладаме, тогаш и многу полесно ќе ги “прочитаме“ пораките и слоганите упатени до нас. Така на пример, слоганот “Се бориме за нашиот дом!“ на прв поглед е сосема во ред дури и симпатичен. Ама, кога ќе видиме кој ни го упатува(СДСМ и коалицијата), треба да се замислиме дали тие што сега ни споменуваат “дом“ и борба за него, смеат да го употребуваат после 7 години разградување на домот Македонија(сменето име и устав и обид за предавање на нашата култура, историја и јазик на соседот ни Бугарија). Не сум сигурен дека баш овие луѓе ќе се “борат за нашиот дом“, во смисла на семеен дом, село, општина и град. После се што ни приредија изминатите години додека беа на власт, повеќе од сигурен сум дека не се тие менаџерите кои вистински ќе се грижат за нашиот дом, а камоли да се борат. Се ми се чини дека тие се заинтересирани само за нивниот личен дом. Впрочем, на дело покажаа дека само за тоа и ги бива. И сега што ќе направат на изборите?(Мислам дека бројките 396 советници со 237 069 освоени гласови и освоени 16 општини(градоначалници) од 2021 година, за нив се недостижни). Одиме понатаму.
Други во прва секунда понудија дегутентен и морбиден слоган во вид на политичка логореа(“П..е.и се на мицковизмот“), па кога видоа дека ја утнаа работата(ја промашија матата) почнаа да го викаат народот – “Народот сега!“. Ми се наметнува дилема: Што народот? Како народот? За кого народот? Ова не е дилема, туку трилема, ама мислам дека народот самиот успешно ќе ја разреши – така што 20 кандидати за градоначалници ќе ја изгубат изборната битка, а во битката за советници, ќе поминат нешто подобро од 2021-та, кога освоиа 49 советници. Треба трпение, уште само некој ден. Добро, интересен е и слоганот “Повеќе резултати, помалку изговори“, на коалицијата “Искуство за успех“(ЛДП, ПЦЕР, ГРОМ, ИНТЕГРА). Ги гледам така во коалицијата, ја вртам временската лента, се обидувам да најдам некој поголем квантум на успех на оваа политичка четворка, ама не ми оди. Добро има нешто искуство, ама тоа е повеќе негативно и неуспех, отколку успех, па ќе видеме дали ова “четворно искуство“ ќе го донесе и толку посакуваниот успех на овие четири политички акроними. Да не бидам злочест, еве мислам дека Стевчо Јакимовски како нивни “последен мохиканец“ за последен пат ќе се обиде нешто да нанаправи во Карпош, ама во другите општини, нивните кандидати ќе поминат како жолтите лисја во есен – ќе испопаѓаат на изборниот испит.
Доаѓаме до слоганот “Еден глас! Твојот глас вреди!“(“Визија за победа!“ и “Само за тебе Чаир!“), слоган на ВРЕДИ. Овој слоган ми се беднисува. Многу е конкретен, директно комуницира, и дава најголема вредност на гласот на секој еден избирач. Мислам дека треба да донесе солиден успех на кандидатите на ВРЕДИ. Исто мислење имам и за слоганот на ЗМАМ “ЗНАМ и Македонија ЗНАЕ!“, “ЗНАМ и Кумановои ЗНАЕ!“ и “ЗНАМ и Центар ЗНАЕ!“. Овој слоган е заснован на поимот “знае“, што му дава додадена вредност, и е многу прецизно адресиран – на Македонија, Куманово, Центар. Очекувам со него ЗНАМ сосема солидно да се позиционира во општинските совети(за прв пат). Во Куманово сум сигурен дека Максим Димитриевски ќе ја добие битката за градоначалник. Шансите не се мали и во општина Центар, ама треба докрај да се одработи.
За крај го оставив слоганот “За твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! – Вистинскиот избор!“ на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Е ова веќе е знаење втемелено во стратегија, традиција преточена во визија. Раскажување на македонската приказна преку посебни бренд концепти. Тоа се случува кога ВМРО-ДПМНЕ својата Политичка доктрина, со помош на политичка филозофија ја прилагодува на секоја локална заедница. Многу добро сватиле во оваа партија дека прво треба да си човек, а потоа градоначалник(“Прво човек, потоа градоначалник! За нашето Скопје“). Мене ова ми личи на христијански морал на дело – во изборната кампања и во одработувањето на градоначалничката функција, што е прва карактеристика на овој слоган. Ме асоцира на најпопуларните Библиски стихови “Ете го човекот – Ecce Homo, за кого ти говорев. Тој ќе владее со мојот народ“(Зборови на Создателот). Втората негова карактеристика е што овој слоган е програма(акциона) во неколку збора. Тој е сублимат на цела една изборна платформа. Еден вид симболички артефакт – порака која е кратка, ама силна. Јасна порака која во исто време е впечатлива и моќна. Порака и слоган што одговараат на времето(сега и тука) и состојбата(економска, социјална, политичка, општествена) во која се наоѓаме. Кога на ова ќе се додаде и Програмата за Град Скопје на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, која има 7 главни столбови(напишана на 126 страни) и програмите на секој градоначалнички кандидат во општините во кои оваа партија има свои кандидати, состојбата станува многу јасна: станува збор за мобилизирачка порака, за победнички слоган и за програми кои ќе донесат раст и локален економски развој на општините. Очекувам ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ги надминат резултатите од минатите локални избори – 290 097 гласови и освоени 468 советници и освоени градоначалнички места во 42 општини.
Сотир Костов
П.С.
Во сета воена реторика и апла животински дискурс на ДУИ не успеав да го видам нивниот слоган, т.е. на Националната алијанса за интеграција, што е најново име после нивното последно политичко митарење. Ако се доближат до бројката 108 000 гласа(од минатите локални избори) на коњот се(пето-шесто животно од нивната животинска фарма)