Македонија Анализа на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ (2.ДЕЛ)

Анализа на Костов: Политичката траекторија (консолидирање и организирање за големи изборни победи) на ВМРО-ДПМНЕ во период од декември 2016 г. до локални избори 2025 г.

Тие темели (основи) се нуклусот од кој ќе се изртат, првин “Платформа 1198, Луѓето на прво место и Македонија повторно твоја (промените во твои раце), во 2024г., а потоа и “Ново поглавје, стратегија Македонија 2030“ и “Нова парадигма 2030, идеолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните“, што, всушност, се Документи на 18-от Конгрес на партијата, од 06, декември 2025г., Кавадарци.

Анализа на Костов: Политичката траекторија (консолидирање и организирање за големи изборни победи) на ВМРО-ДПМНЕ во период од декември 2016 г. до локални избори 2025 г.

Станува збор за период во кој ВМРО-ДПМНЕ од победник на парламентарните избори 2016г., поради “политичко предавство“ на ДУИ не состави влада и замина во опозиција. 2017/2018 г. почна политичкиот прогон против тогашните функционари на оваа партија, кои беа спектакуларно приведувани, малтретирани, уценувани, и по неколку пати без потреба притварани, каде и физички беа напаѓани од криминалци и полицајци. Имотот на партијата беше замрзнат, а банкарската сметка блокирана. Во партијата се случија неколку превривања, обиди за фракции и поделби. Се заговаараше судско поништување на дел од името(ВМРО), дури и забрана на партијата. Сето тоа беше една бесправна полициска, обвинителска и судска харанга, која имаше за цел ВМРО-ДПМНЕ да се разнебити и уништи како политички субјект. Сите овие притисоци и уцени ВМРО-ДПМНЕ стоички и храбро ги издржа, и тргна во макотрпен процес на внатрепартиски реформи, организациско консолидирање, институционално зајакнување и квалитативно подобрување на политичкиот перформанс на партијата во сефкупното дејствување, преку издигнување на политичката способност и готовност за политички натпревар со политичките конкуренти. Вчера нешто повеќе напишав за престројувањето и реформите на партијата, а денес ќе се задржам на претставувањето во јавноста на новиот лик(идеологија, идентитет, вредности, принципи) на ВМРО-ДПМНЕ како модерна и современа партија. Станува збор за ВМРО-ДПМНЕ како концептуална партија. Добро, денес е лесно да се фали и воспева партијата кога е повеќекратен изборен победник(локални, парламентарни, претседателски и уште еднаш локални избори) за само четири години. Ама, ајде да видиме како сум ја видел ВМРО-ДПМНЕ во 2019г. после поразот на претседателските избори. Следува текстот во целост на колумната напишана и објавена на 24 декември 2019г.

 

Новата политичка икона – ВМРО-ДПМНЕ

/ПРИНЦИПИ+ПРОМЕНИ+ОБНОВА+ПРАВДА = ПОБЕДА/

24 декември 2019г

 

Денес, околу 14:30 часот во спортската сала “Јане Сандански“  Македонија и Македонците ги видоа: новата политичка икона ВМРО-ДПМНЕ и новиот лидер и визионер Христијан  Мицковски – ПРОФЕСОРОТ. Да, драги мои МАКЕДОНЦИ! Конечно се случи и тоа: пред македонската јавност се претстави новата политичка икона – ВМРО-ДПМНЕ, ребрендирана (содржински и во форма) и политичарот, лидер и визионер– нов политички бренд, Христијан Мицковски.

Бевме сведоци на јавниот политички и културен перформанс, “Обновата доаѓа“, изведен на извонредно ниво и со компетентен капацитет. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, Мицковски, објавија дека во изборната трка влегуваат со четири вредности: принципи, промени, обнова и правда. Тоа е вредносниот систем кој веруваат дека ќе им ја донесе изборната победа. Но, и план за победа, победа на ВМРО-ДПМНЕ на Парламентарните избори 2020. Па луѓе мои, тоа е идеалот управување преку вредности, нешто што за ненародната власт на Зоран Заев е научна фантастика(што подоцна и ќе се потврди).

Како брендолог, кој напиша и издаде четири книги и еден толковник на тема бренд и брендинг (“Бренд концепт“, “БРЕНДинг“, “360° холистички брендинг“, “Вселена на брендови“ и “Толковник – брендинг, адвертајзинг, паблик рилејшн“), за прв пат видов целосен концепт – политички концепт, за настап на избори, од страна на една политичка партија. Го насетував тоа уште во октомври, ноември  2019 година, кога спроведувајќи еден проект, ја забележав новата енергија и ентузијазам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, Тетово, Струмица, Велес, Кичево, Битола, Кочани, Куманово и Скопје, кои ги среќавав и имав прилика со нив да разговарам, ама ова денес беше вистински холистички брендинг – брендинг до коска во политиката.

Професорот Мицковски одржа јавен час, при што зборуваше само за суштината и  есенцијата на животот, за проблемите и решенијата за надминување на истите во нашата општествена заедница: за македонизмот, за изиграните земјоделци, за измамените селани, за понижените граѓани од ненародната власт на Зоран Заев и СДСМ. Вети многу пот, работа и проекти. Развој на економијата, брз раст. Потенцираше дека нема простор за грешки и дека нема да се  повторат грешките од минатото. Храбро, одлучно и непоколебливо нагласи: “Се обврзувам, ви ветувам. Тоа го правам пред вас“. Вистински вредности и јасни визии. Во таа смисла и јасните и концизни пораки: Веруваме во принципи; Време е за промени; Обновата доаѓа; Вие сте обновата; Избори се за правда; Донеси победа. Ангажирано, мотивирачки и проактивно.

А за самиот перформанс и неговата идејна, содржинска замисленост и визибилна изведбеност, само комплименти. Креативно, инвентивно и иновативно. Со еден збор концептуално. Во музичка предигра “Ај ем д хироу“(“Јас сум  херојот“), лидерска завршница и поентирање од ПРОФЕСОРОТ – НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ Е ХЕРОЈ. Лидерот најавен со култната “Македонија“, во изведба на “Меморија“, а одјавата на настанот со химната на ВМРО-ДПМНЕ. Освежување и новитет, ама и континуитет и традиција. Следуваше Импресивна порака преку “Од нас зависи“ и Каролина, па “Симпли д бест“(“Едноставно најдобар“) и секако, “Фајнал каундаун“(“Финално одбројување“), од музичката група “Европа“ – за Заев, СДСМ и сите што не посрамотија, изневерија, измамија и понижија како Македонци и Република Македонија.

Обновата доаѓа. Македонскиот народ е херојот. Така вели Христијан Мицковски. Јас му поверував. Видов нешто визионерско ала Мартин Лутер Кинг. Глад за знаење и подготвеност за промени, својствена за еден Ганди, и секако, храброст за револуционерна борба за Македонија и заштита на напатените Македонци, како нашиот Гоце, Гоце Делчев.(крај на колумната од 2019г.)

Значи, лидерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, уште тогаш изјави дека верува во принципи, време е за промени и Обновата доаѓа. На граѓаните им кажа дека тие се Обновата, и дека заедно треба да се изборат за правда. Така и ќе ја остварат победата. 2020г. се случија парламентарни избори, чија основни карактеристики беа партиско-политичка географија(штимање на изборните единици по желба на ДУИ) и енормно голема изборна институционалнаа корупција на власта, па ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби и овие избори. 2021г. се случува 17-от Конгрес на партијата(12.12. 2021г.) и се носи нова Политичка доктрина на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш се усвојуваат 23 темелни вредности(нов партиски вредносен систем), се зацртуваат 22 основни цели и се набројуваат 17 теми за Македонија, кои партијата треба да ги спроведе во пракса. Тогаш и се удрени темелите на ВМРО-ДПМНЕ како конзервативна(а не демохристијанска) и народна партија. Тие темели(основи) се нуклусот од кој ќе се изртат, првин “Платформа 1198, Луѓето на прво место и Македонија повторно твоја (промените во твои раце)“, во 2024г., а потоа и “Ново поглавје, стратегија Македонија 2030“ и “Нова парадигма 2030, идеолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните“, што всушност се Документи на 18-от Конгрес на партијата, од 06, декември 2025г., Кавадарци.

Анализата на содржината на овие документи, е во следното продолжение.

 

(продолжува)

 

Сотир Костов

 

 

To top