Македонија Милошоски за КУРИР

АНАЛИЗА: Македонија со подобрени позиции, Бугарија продолжува да провоцира

Доколку и опозицијата се заложи посериозно за поправање на грешката која што ја направија, процесот на било какви големи отстапки кои се бараат да бидат направени од македонска страна не го поврзува само со отпочнување на преговори, туку лобира такви концесии да бидат поврзани, што според мене е порационално со процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, тоа дополнително би ја подобрило позицијата на Македонија на дипломатски план во рамките на ЕУ, но тоа сепак зависи од одлуката на каков начин ќе се постави опозицијата кон ова прашање кое што во еден дел е последица на погрешните потези на Бујар Османи и на Димитар Ковачевски во претходните две години, изјавува Милошоски за КУРИР.

АНАЛИЗА: Македонија со подобрени позиции, Бугарија продолжува да провоцира

Македонија не е веќе во потчинета положба- сегашната македонска влада видливо ги подобри нашите позиции поврзани со евроинтеграциите. Бугарија пак, продолжува да провоцира. За ова се согласни и познавачите на светската и домашната политичка сцена.

Поранешниот министер за надворешни работи и сегашен пратеник во Собранието, Антонијо Милошоски за КУРИР вели дека сега се вложуваат максимални напори, па од тука имаме поместувања во позитина насока и подобрена позиција за разлика од пред 2 години, а провокациите од бугарската страна ги смета за некоректни.

-Факт е дека македонската позиција беше доведена во незавидна, потчинета положба од претходната Влада во текот на 2022/2023 година. Сметам дека од превземањето на власта се вложуваат максимални напори и од владата во целина и од македонската дипломатија за континуирано подобрување на позицијата на Македонија кај земјите членки на ЕУ преку директни средби и аргументирани разговори и тоа се прави координирано и од премиерот и од министерот за надворешни и од сите други државни актери и сметам дека тоа носи одредени поместувања во позитивна насока и ја подобрува македонската позиција во споредба со тоа каква беше пред 2 години, потенцира Милошоски.

Изјавата на бугарскиот технички премиер Димитар Главчев- дека нема промена на позцијата кон Македонија, Милошоски смета дека не е коректна.

-Не оди во насока на подавање на рака и прагматичен однос на Бугарија кон Македонија и кон процесот на проширување. Истовремено, тоа што можеше да се забележи на Самитот на Европските народни партии во Брисел беше изјавата на поранешниот премиер Бојко Борисов кој даде коментар дека додека Бугарија нема регуларна политичка влада, некои состојби поврзани со Македонија се поместиле, се измениле и ценам дека оваа изјава на еден индиректен начин го потврдува резултатот на ангажманот на македонскта влада и дипломатија. Дека тоа континуирано дејствување и аргументирано разговарање со клучните европски партнери го подобрува имиџот на Македонија, но и ги зголемува разбирањата за нашите рационални предлози поврзани со процесот на евроинтеграции. Мислам дека треба да се продолжи во овој правец и во следниот период- дома да се спроведуваат реформи, а на меѓународен план да се продолжи со континуирано пласирање на разумни аргументи кон клучните соговорници.

Според Милошоски, единствено нешто што може дополнително да ја подобри позицијата на Македонија во овој правец, би било и малку порационално, како што вели, попатриотско однесување на македонската опозиција.

-Доколку и опозицијата се заложи посериозно за поправање на грешката која што ја направија, процесот на било какви големи отстапки кои се бараат да бидат направени од македонска страна не го поврзува само со отпочнување на преговори, туку лобира такви концесии да бидат поврзани, што според мене е порационално со процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, тоа дополнително би ја подобрило позицијата на Македонија на дипломатски план во рамките на ЕУ, но тоа сепак зависи од одлуката на каков начин ќе се постави опозицијата кон ова прашање кое што во еден дел е последица на погрешните потези на Бујар Османи и на Димитар Ковачевски во претходните две години, изјавува Милошоски за КУРИР.

Според универзитетски професор и поранешен амбасадор Васко Наумоски, се додека во Бугарија нема една стабилна политичка коалиција на власт не можеме да се впуштиме во некаков дијалог, со цел да направиме определни измени на она што било прифатено од нашата претходна влада.

-Во тој контекст е корисно европските претставници да бидат соодветно запознати со нашата позиција како би можеле да извршат определено влијание врз сите вклучени страни со цел да се откочи процесот и Македонија и формално да ги започне преговорите, изјави Наумоски за Сител и додава дека посетите кои ги оставрува нашата дипломатија во изминатиот период придонесуваат за една зајакната офанзива и претставување на нашите ставови пред партнерите од ЕУ.

-Средбите кои деновиве ги имаше нашиот премиер придонесуваат кон остварување на таа цел и верувам дека највисоките претставнивци на ЕУ се запознати со нашите позиции, имајќи предвид дека во изминатите години сведочевме на една политика кога националните интереси не се застапуваа на соодветното ниво, дополнува Наумоски.

To top