Македонија Медицински факултет

„Алкалоид“ ќе донира „Омепразол“ во течна форма на Детската клиника и болницата во Козле

За иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма, „Алкалоид“ АД Скопје неодамна го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност.

„Алкалоид“ ќе донира „Омепразол“ во течна форма на Детската клиника и болницата во Козле

На ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, „Алкалоид“ ќе им донира од иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба. Детали за донацијата, компанијата ќе соопшти денеска, на прес-конференција на Медицинскиот факултет при УКИМ.

За иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма, „Алкалоид“ АД Скопје неодамна го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност.

-Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет „Луѓето и здравјето пред сè“, во рамките на компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, потребните количини од овој уникатен и премиум производ ќе им бидат донирани на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација, велат од компанијата.

Најнови вести од Македонија

To top