Македонија СЕЛСКА ЗАДРУГА

Aгим Јонуз за „реизборот“ на Филипче: СДСМ  е веќе бивша партија, само што никој не ги информирал!

-Јас познавам, барем пет најмалку, кои тоа би го признале, да не речам дваесет сдсмовци, видни сдсмовци кои викаат „ГОТОВО Е СО ПАРТИЈАТА!“.-Проблемот е што за ваквите ко мене, што ја кажуваат вистината во лице, тие засегнатите велат: Абе остај го тој, будала е! Абе пак ли е пијан, знае ли што зборува? Остај го овој, гледаш дека тресе глупости. А тоа го зборува оној кој што е најмногу заглавен, до гуша, во кал.

Aгим Јонуз за „реизборот“ на Филипче: СДСМ  е веќе бивша партија, само што никој не ги информирал!

Една партија која вриеше од интелектуалци и висок салонски елитизам, сега стана обична селска задруга и веќе е бивша апртија, вели аналитичарот Агим Јонуз во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски.

Запрашан за иднината на СДСМ по реизборот на Венко Филипче кој се самопобеди со мизерни 18.000 гласови, дупло помалку од еден Ковачевски и скоро четири пати помалку од изборот на менторот Заев, Јонуз е дециден дека партијата ита кон самозатворање како политички субјект.

-СДСМ  е веќе бивша партија, само што никој не ги информирал. Зошто? Падот на СДСМ е веќе долга историја. Една партија која некогаш претставуваше еден висок салонски елитизам, сега стана селска задруга. Кога велам селска задруга, не е поради тоа што има селани или некоја провинцијалистичка фела, не, туку стана селска задруга затоа што една интелектуалан елитистичка фела дојде до ситуација да внатре кучиња шетаат по просториите.

СДСМ од 80 илјади членови падна на активно регистрирани 23.712 членови, што според аналитичарот е еднакво на нивото на ВРЕДИ, на БЕСА, на една потпросечна партија.

-Проблемот е што за ваквите ко мене, што ја кажуваат вистината во лице, тие засегнатите велат: Абе остај го тој, будала е! Абе пак ли е пијан, знае ли што зборува? Остај го овој, гледаш дека тресе глупости. А тоа го зборува оној кој што е најмногу заглавен, до гуша, во кал.

-Јас познавам, барем пет најмалку, кои тоа би го признале, да не речам дваесет сдсмовци, видни сдсмовци кои викаат „ГОТОВО Е СО ПАРТИЈАТА!“.

-Јас слично комуницирам со луѓе, секој Божји ден, со различни луѓе, па и  од партијата. Човек од формирање на СДСМ, до денеска е во структурите и го прашувам:

-Кај сте бе? А тој вака ми вика:

-Чао!

–Абе, како бе чао?

-Чао сме!!!

Што повеќе, побрутална фраза нема, нема потреба од филозофија, тоа  е секојдневието и реалноста, вели Јонуз и потсетува:

-Што прво направи Мицкоски кога дојде на власт? Повика на национално обединување. И што се случи? Го исмејаа. Каква политичка зрелост ти имаш кога излегуваш и викаш: -Ајде бе, не биди смешен, какво бе национално обединување, па хахаха, хухуху? Тоа беше шанса да се промени се’ на целиот квантум на политичката сцена. Од овие луѓе не може да очекувате ништо, потенцира Јонуз, аналитичар кој добро ги познава социјалдемократите.

Најнови вести од Македонија

To top