Поранешен функционер на ДУИ лиферувал критични информации за акцијата планирана за во вторник, па поради тоа таа морала да почне во неделата во вечерните часови. Човек на ДУИ, поранешен функционер на повеќе државни функции, ја стартувал/пробил акцијата на МВР, која почна во неделата и сè уште трае.
Станува збор за акција на полицијата за разбивање насилни криминални групи во Скопје и во други градови во земјата.
И покрај тоа, во акцијата, во која се таргетирани криминални групи главно од Арачиново, Дуќанџик и од Грчец, веќе има уапсени, а дел од нив признале тешки кривични дела, меѓу кои и убиства.
Според сознанија на Плусинфо. поранешниот функционер од ДУИ, кој пренел информации во криминалните кругови, исто така ќе биде опфатен со акцијата на МВР.