Македонија поради министерски состанок на ОБСЕ

Администрацијата од Скопје на 29 ноември ќе работи до 12 часот, 30 ноември неработен ден

Овие заклучоци не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање.

Администрацијата од Скопје на 29 ноември ќе работи до 12 часот, 30 ноември неработен ден

Министерскиот состанок на ОБСЕ кој ќе се одржи во Скопје го промени работното време на вработени во државната и јавната администрација во главниот град.

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за надворешни работи, донесе одлука со која работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје – на 29-ти ноември 2023 година (среда), треба да заврши во 12:00 часот.

-А, 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, информираат од Владата.

Од Владата препорачуваат општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците.

-Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“, информираат од Владата.

To top