Македонија ЦУК

2.169 повици на 112 во последното деноноќие, извлечен заглавен турски државјанин во струмичко

– По добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во предел меѓу село Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, Регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што Гранична полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти ЦУК.

2.169 повици на 112 во последното деноноќие, извлечен заглавен турски државјанин во струмичко

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.169 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 36,42 отсто, а 63,58 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 57,85 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 31,42 отсто, а кон пожарникарите 9,20 отсто од реалните повици кон 112.

– По добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во предел меѓу село Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, Регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што Гранична полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти ЦУК.

Пожари на шуми и вегетација на отворено во државата се уште има според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи. Во последното деноноќие имало десетина пријавени пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

ЦУК апелира да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари. ЦУК апелира и на внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top