Вкупно 12 лица повредени во тешката несреќа ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени. Девет од нив ќе бидат во Ургентниот центар на Србија, додека пак три лица се примени на Воено-медицинската академија (ВМА).
Имено, две лица претходно беа пренесени во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш.
Во Македонија пристигна и авион со четворица лекари и четворица медицински техничари за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Со цел да се пружи помош, планирано е да останат двајца лекари (пластичен хирург и анестезиолог) и медицински техничар.
Помош пружи и Турција која, со авиони на турското Министерство за здравство и Министерството за одбрана, презема девет повредени лица.
Авионите слетаа на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените веднаш беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман.
Првиот авион транспортираше тројца повредени во Истанбул, додека вториот пренесе уште шест лица во болницата „Билкент“ во Анкара за специјализиран третман.