Македонија ЦУК

1.840 повици на 112 во последното деноноќие, најголем дел упатени кон полицијата

Од вкупниот број повици, според ЦУК, „реални“ биле 38,70 проценти, а 61,30 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 52,42 отсто од повиците, кон итната медицинска помош 39,92 отсто, кон пожарникарите 4,43 проценти, а кон АМСМ 0,36 проценти од „реалните“ повици кон 112 во ЦУК.

1.840 повици на 112 во последното деноноќие, најголем дел упатени кон полицијата

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.840 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Најголем дел од повиците биле упатени кон полицијата и итната медицинска помош, а имало повици и за противпожарните служби.

Од вкупниот број повици, според ЦУК, „реални“ биле 38,70 проценти, а 61,30 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 52,42 отсто од повиците, кон итната медицинска помош 39,92 отсто, кон пожарникарите 4,43 проценти, а кон АМСМ 0,36 проценти од „реалните“ повици кон 112 во ЦУК.

-Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 3,23 отсто со другите 61,30 отсто што се именувани како „неитни повици“, биле на број 1.136 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК), велат од ЦУК.

За дел од повиците, додаваат, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Најнови вести од Македонија

To top