Вести Фудбал

Ливерпул се откажа од Чаби Алонсо

Ливерпул се откажа од Чаби Алонсо

Чаби Алонсо во последните два месеци беше во центарот на вниманието на европската јавност, откако по извонредните резултати со Баер Леверкузен овој стратег стана најпосакуван на европскиот фудбалски пазар.

Ливерпул и Баерн Минхен беа најконкретни во обидите да го доведат Чаби на својата клупа, но вечерва најпрвин Ули Хенес објави дека „Чаби е невозможна мисија за баварскиот гигант“, за неколку часа подоцна слични информации да пристигнат и од Ливерпул.

Контактите меѓу Ливерпул и Алонсо траеја повеќе од еден месец, а откажувањето од преговорите е јасен знак дека Шпанецот нема намера да си замине од „Бај Арена“, особено доколку успее во историскиот подвиг да ја донесе титулата во Леверкузен.

По ваквиот развој на настаните, сега главен фаворит за нов тренер е Рубен Аморим, актуелниот стратег на Спортинг Лисабон за чија отштета Ливерпул е подготвен да плати 25 милиони евра.

Теми на денот

To top