Вести еврото, единственото платежно средство во Косово

Курти пред СБ на ОН: Немам ништо против Србите, подобро ќе ги информирам за забраната за користење динари

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа пред Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк изјави дека нема ништо против Србите и дека ќе се обиде детално да ги информира за одлуката динарот повеќе да не се користи како средство за плаќање во Косово.

Курти пред СБ на ОН: Немам ништо против Србите, подобро ќе ги информирам за забраната за користење динари

За време на дискусијата на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Косово, закажана на барање на Белград, Курти рече дека во следниот месец, колку што е периодот на транзиција до спроведувањето на одлуката за укинување на динарот како платежно средство, ќе понуди повеќе информации и повеќе ќе комуницира со косовските Срби за тоа прашање.

„Динарот не е забранет во Косово, српските граѓани можат да го задржат динарот, но еврото е единственото платежно средство. Толку субвенции, социјална помош, грантови за образование и здравство дадовме на општините со српско мнозинство и сите тие без проблеми прифатија евра. Ниту еден косовски Србин не рекол дека не ги прифаќа овие средства затоа што се во евра. Во Црна Гора околу четвртина од населението се декларира како Срби и за валута го имаат еврото. Обичните Срби не го мразат еврото“, рече Курти.

Тој изјави дека во следниот месец ќе „работи“ со Србите за да ги запознае со новите прописи, според кои еврото е единственото платежно средство во Косово.

„Ќе зборувам на српски за да ме разберат подобро. Ние, кои бевме под окупација на Србија, го знаеме српскиот јазик, а тие не го научиле нашиот јазик. Ќе зборувам на српски, немам ништо против Србите, имам српски пријатели, имам српски министер во владата, мојата партија со тајно гласање избра за заменик народен правобранител припадник на српскиот народ “, рече Курти.

Тој додаде дека смета оти криминалци се само поединци и дека етничката заедница не може да биде криминална.

Курти, обраќајќи му се на српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека е критикуван за едностраните потези, а за билатералните Белград треба да го потпише Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, за кој двајцата лидери усно се согласија во февруари 2023 година.

Имаме договор, но за да не го прекршиме и целосно да го имплементираме, порачувам да преземеме билатерална акција, а тоа би било потпишување на договорот“, рече Курти.

Најнови вести од Вести

To top