Култура

„Сѐ уште можам нешто да сторам“, нов роман на Фросина Пармаковска

„Сѐ уште можам нешто да сторам“, нов роман на Фросина Пармаковска

Објавен е новиот роман на Фросина Пармаковска – „Сѐ уште можам нешто да сторам“ како книга бр. 226 во едицијата „ПРОаЗА“. Издавач е издавачката куќа „Или-Или“.

– „Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење, соопшти издавачот.

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, во 1985 година. Дипломирала на Филолошки факултет, Катедра за општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии.

Авторка е на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ ( роман на годината за 2017 година) и „На враќање“.

To top