Култура Министерство за култура

Љутков им се извини на вработените поради тоа што платите им доцнат, ја објасни причината

„Ви се заблагодарувам на трпението, разбирањето и професионалноста што ја покажувате. Од мое име Ви се извинувам и Ве уверувам дека посветено работиме ваквите ситуации никогаш повеќе да не се повторат“, посочи министерот.

Љутков им се извини на вработените поради тоа што платите им доцнат, ја објасни причината

„Како ваш колега и министер за култура и туризам, сакам искрено и длабоко да Ви се извинам поради тоа што се случи – платите да доцнат и да не бидат исплатени пред Велигденските празници“, им порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на вработените во културата.

-Свесен сум дека тоа е голем проблем кој предизвика непријатност за Вас и Вашите семејства, уште повеќе што ова треба да се денови на радост и семејна прослава. Искрено жалам што дојде до ова доцнење и покрај сите мои напори да се стигне на време. Причината за ова е долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата што пак секоја година создава огромни проблеми. За конечно и трајно да го надминеме овој предизвик мораше да се усогласат сите засегнати страни, што не било пракса во минатото и сето тоа за жал, доведе до доцнење со исплатата, посочи Љутков.

„Ве уверувам дека оваа постапка која се одвиваше деновиве има за цел да создаде основа за подобро, поправедно и достоинствено вреднување на нашата работа во иднина. Ви се заблагодарувам на трпението, разбирањето и професионалноста што ја покажувате. Од мое име Ви се извинувам и Ве уверувам дека посветено работиме ваквите ситуации никогаш повеќе да не се повторат“, посочи министерот.

To top