Вести екс главниот инспектор се самопријави

Истрага за кочанската трагедија: Осомничениот полицаец се пријави во Обвинителство

Пензионираниот полицаец С.Д. е меѓу 10-те полициски службеници кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кој вчера не беше достапен на органите на прогон.

Истрага за кочанската трагедија: Осомничениот полицаец се пријави во Обвинителство

Денеска се пријавил во Обвинителството пензионираниот полицаец С.Д. од Штип, кој вчера не беше достапен на органите на прогнот.

– Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка – информираат од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Пензионираниот полицаец С.Д. е меѓу 10-те полициски службеници кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од МВР вера информираа дека меѓу седумте полициски службеници кои требаше да бидат обезбедени од полицијата е и пензионираниот началник на полицијата во униформа во Штип, кој не беше најден од своите колеги. Се работи за долгогодишен полицаец, кој целиот свој работен век го помина во СВР Штип, а дел од неговото семејство работи во штипската полиција.

МВР соопшти дека С.Д. во времето на извршувањето на кривичното дело бил на работното место главен инспектор за сообраќај во Одделение за полиција во СВР Штип.

Шестмина полицајци вчера добија мерки за претпазливост. Тројца од осомничените се претходно обезбедени.

Најнови вести од Вести

To top