СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б.(49) од село Радуша, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“.
-На 24.10.2023 во Тетово пријавениот со уште едно лице упатил закани кон неговиот адвокат, кој го застапувал во кривична постапка пред Основниот суд Тетово, информира МВР.