Хроника ШВЕРЦ

Жител на Поградец шверцувал нафта од Македонија

Ова не е прв откриен случај на шверц на гориво од македонска на албанска територија.

Жител на Поградец шверцувал нафта од Македонија

Албанската полиција привела жител на селото Удениш, кај Поградец,  во чие возило открила 120 литри нафта, прошверцувана од Македонија.

-Четириесет и деветгодишен маж се гони откако во неговото возило беа откриени пластични боци со шверцувана нафта, кои беа запленети. Службените лица возилото го стопирале на влезот во Поградец, стои меѓу другото во полициското соопштение.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава а случајот е под надлежност на Судот и Обвинителството во Корча.

Ова не е прв откриен случај на шверц на гориво од македонска на албанска територија. Тоа e поради повисокиот квалитет,  но и пониската цена на горивата во Македонија. (МИА)

To top