Хроника

Жена тешко повредена во Ченто, ја удрил автомобил управуван од 81 годишен возач

Жена тешко повредена во Ченто, ја удрил автомобил управуван од 81 годишен возач

На 20.03.2024 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто “ и ул.„Маџари“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(81) од Скопје, удрило во М.У.(65) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top