Жена пријавила физички напад од својот вонбрачен партнер, тој пак ја пријавил дека кршела во домот.
Синоќа во 21:20 часот во Полициска станица Кавадарци, 32-годишна жена од Неготино пријавила дека во домот во кој вонбрачно живеела заедно со 50-годишен маж од Неготино, тој физички ја нападнал.
Подоцна, 50-годишниот маж во 21:30 часот на полициски службеници од ОВР Неготино, им пријавил дека 32-годишната жена кршела и оштетувала предмети во домот.
-Се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од СВР Велес.