Хроника Градски плоштад во Тетово

Запленети над 2500 парчиња пиротехнички средства, приведени две лица

Во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување и документирање на случајот, на двете лица ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.

Запленети над 2500 парчиња пиротехнички средства, приведени две лица

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (19 декември) околу 13 часот и 40 минути, на градскиот плоштад во Тетово, ја привеле 53-годишната Х.М. од тетовски Челопек кај која биле пронајдени и одземени 1686 парчиња пиротехнички средства.

Десетина минути пред тоа, исто така, на плоштадот во Тетово, го привеле и 20-годишниот тетовец М.Б. со 885 парчиња пиротехника.

Во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување и документирање на случајот, на двете лица ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.

To top