Хроника приведено едно лице

На Бит Пазар запленети 21.524 пиротехнички средства

Денеска (31.12.2023) во 14.30 часот на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.А. (33) од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголема количина на разновидни пиротехнички средства.

На Бит Пазар запленети 21.524 пиротехнички средства

При тоа пронајдени и одземени се 21524 пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

To top