Хроника нема повредени

Малолетник заврши во станица: Предизвикал пожар во куќа со употреба на пиротехнички средства

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Малолетник заврши во станица: Предизвикал пожар во куќа со употреба на пиротехнички средства

По полициска станица, денеска во присуство на родител, претставник на центарот за социјални работи и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје.

-Тој се сомничи дека на 23.01.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на пиротехнички средства, предизвикал пожар во куќа сопственост на Б.Т.(70) од Скопје, информира МВР.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

To top