Хроника возете внимателно

За брзо возење на територија на Македонија казнети 305 лица

Во текот на вчерашниот ден (10.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 305 возачи. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

За брзо возење на територија на Македонија казнети 305 лица

Притоа 208 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

To top