Хроника ОВР Кавадарци

Возел пијан: Приведен маж од Неготино

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Возел пијан: Приведен маж од Неготино

На 20.10.2025 во 23:05 часот на ул.„Северен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода К.Б.(49) од Неготино.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „сузуки“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од Хроника

To top