Вчера попладне, во 16:30 часот, на крстосницата меѓу улицата „Борис Кидрич“ и булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило удрило во 66-годишната Г.Ј. од Тетово, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Според информациите од СВР Тетово, во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.
Полициска екипа од СВР Тетово извршила увид на местото на несреќата, а во тек се активности за идентификација на возачот и расчистување на случајот.
Надлежните апелираат до граѓаните кои можеби имаат информации за овој инцидент да се јават во најблиската полициска станица.