Хроника возете внимателно

Во Скопје казнети 159 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

Во Скопје казнети 159 возачи

На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет санкции за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

To top