На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет санкции за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.