На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, 34 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.