Хроника СВР Скопје

Внимавајте, измамата доби нова верзија: Старица платила 150.000 денари откако ѝ се јавил лажен доктор

Според пријавеното, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека е измамена.

Внимавајте, измамата доби нова верзија: Старица платила 150.000 денари откако ѝ се јавил лажен доктор

На 19.12.2025 во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден била измамена од машко лице за сума од 150.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски,  претставувајќи и се како доктор и ѝ кажало дека треба да даде пари затоа што на нејзината ќерка требало да и се направи операција, откако претходно наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата.

Според пријавеното, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Измамата доби нова верзија. Досега беа измамени голем број стари луѓе на кои лажни полицајци им велеа дека нивните деца/внуци направиле сообраќајна несреќа во која имало жртва.

To top