На 03.01.2026 во 01:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.О.(28) од с.Рожден, кавадаречко. При сообраќајна контрола на ул.„Љубашка“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта.
На 03.01.2026 во 03:20 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.П.(39) од Кавадарци. При сообраќајна контрола на ул.„Миле Вчков“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,70 промили алкохол во крвта.
На 03.01.2026 во 01:13 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.М.(38) од с.Чешани, општина Дебрца. При сообраќајна контрола на бул.„Туристичка“ во Охрид е сопрено патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.