Хроника следуваат соодветни пријави

Уапсени две лица од Куманово, при претрес им бил пронајден кокаин

На 22.02.2024 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Н.(31) и Н.А.(36), двајцата од Куманово.

Уапсени две лица од Куманово, при претрес им бил пронајден кокаин

При преглед кај нив бил пронајден кокаин, а подоцна при претрес во домот на Н.А.(36), извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, шест дигитални ваги и повеќе куршуми.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

To top