Хроника мвр

Уапсен возач од Крива Паланка, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека С.В. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол, соопшти МВР.

Уапсен возач од Крива Паланка, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

На 18.10.2025 во 16:24 часот во село Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода С.В.(30) од Крива Паланка.

Претходно, тој со возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб пред угостителски објект во селото.

При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека С.В. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,93 промили алкохол, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од Хроника

To top