Хроника

Уапсен тетовец, ја нападнал 20 годишната сопруга

Уапсен тетовец, ја нападнал 20 годишната сопруга

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 17 часот и 10 минути на улица „29 Ноември“ во Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец В.К..

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски лицето претходно било пријавено од неговата 20-годишна сопруга дека физички ја нападнал.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

To top