Хроника на автопатот Гевгелија–Скопје

Турски државјани фатени во криумчарење мигранти, малолетници меѓу илегалците

По наредба на јавен обвинител, двете лица се задржани во Полициската станица Гевгелија, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“.

Турски државјани фатени во криумчарење мигранти, малолетници меѓу илегалците

Полициски службеници денеска ги лишија од слобода лицата С.А.О.(35) и К.Х.(32), двајцата државјани на Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

-Околу 02:30 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица сопреле патничко моторно возило „шкода октавија“ караван, со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од С.А.О., во кое како сопатник се наоѓал К.Х. При извршен преглед на возилото, пронајдени се четири илегални мигранти од Египет, на возраст од 15 до 35 години, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, двете лица се задржани во Полициската станица Гевгелија, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најнови вести од Хроника

To top