Хроника

Тројца скопјани вчера искасани од кучиња скитници

Тројца скопјани вчера биле искасани од кучиња скитници.

Тројца скопјани вчера искасани од кучиња скитници

На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.

На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

To top