Хроника

Тројца повредени во сообраќајката на патот Гостивар – Стража

Тројца повредени во сообраќајката на патот Гостивар – Стража

Денеска (05.04.2024) во 09.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар – Стража, на местото викано „Новоселски мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје и патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(67) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „волво“, додека возачот на „мерцедесот“ и неговиот сопатник Ф.М.(55) од Скопје се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската болница „Ферид Мурад“, информира МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

To top