Хроника СВР Тетово

Тинејџери лепеле плакати во изборен молк, полицијата ги уапси

Молкот ќе биде на сила и утре додека не заврши гласањето.

Тинејџери лепеле плакати во изборен молк, полицијата ги уапси

Полицијата фати 19-годишник и малолетник како лепат плакати во изборен молк.

Полицајци од СВР Тетово утрото во еден часот по полноќ привеле две лица откако добиле пријава дека со автомобил оделе низ тетовски села, во период на предизборен молк и лепеле плакати за претстојните претседателски избори.

„19-годишникот и малолетникот биле затекнати во тетовското село Синичане и двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори. Со нив е извршен службен разговор во полициското одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Молкот ќе биде на сила и утре додека не заврши гласањето.

To top