Хроника Службен разговор

Тинејџер упатувал закани кон малолетничка

Во разговорот тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тинејџер упатувал закани кон малолетничка

На 11.12.2023, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Берово извршија службен разговор со М.Ч.(19) од беровско, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон малолетничка од Берово.

Во разговорот тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top