Хроника Несреќа

Тешко повредена 89-годишна жена, ја удриле со автомобил

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Тешко повредена 89-годишна жена, ја удриле со автомобил

На 04.04.2024 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, која води кон паркинг простор на зграда, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(20) од Скопје, удрило во Ц.Н.(89) од с.Блаце, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Н. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top