Хроника Несреќа

Тешка сообраќајка во Скопје, две лица се повредени

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Тешка сообраќајка во Скопје, две лица се повредени

На 29.01.2024 во 12:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Тале Христов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43)  и патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки  телесни повреди се здобил Д.Н. констатирани во приватна болница во Скопје, додека со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top