Хроника од водите на вардар

Телата извадени од излетаниот автомобил се на три женски лица, се трага по машко лице

Телата извадени од излетаниот автомобил се на три женски лица, се трага по машко лице

Трите тела кои вечерва беа извадени од излетаниот автомобил во Вардар кај Рашче, се на женски лица, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој истакнува дека автомобилот кој излета во реката е извлечен и во него биле пронајдени безживотните тела.

-Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува, додава Ангелов.

Детето кое било пронајдено од случајни минувачи на местото на несреќата е контактибилно и во стабилна состојба. Повеќе за неговата здравствена состојба може да прочитате тука.

To top