СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.К.(60) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање на чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“.
Пријавениот, на 05.06.2023 и 12.06.2023, од банкомат подигнал вкупно 19.500 денари од платежна картичка на неговата поранешна снаа без нејзино знаење.