Хроника Скопје

Старец е тешко повреден, со возило го удриле додека пешачел

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Старец е тешко повреден, со возило го удриле додека пешачел

На 15.02.2024 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(45) од Скопје удрило во пешакот Ц.Н.(75) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Н. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top