Хроника Валандово

Србин со остар предмет повредил Македонец

Српскиот државјанин бил задржан во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Србин со остар предмет повредил Македонец

На 31.03.2024 во 03:45 часот полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода српскиот државјанин М.С.(26).

Tој околу 01:30 часот на бензинска пумпа во село Јосифово со остар предмет го нападнал А.С.(31) од село Пирава, валандовско, нанесувајќи му повреди, констатирани од лекар во Итна медицинска помош Гевгелија.

Српскиот државјанин бил задржан во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки во текот на денот против М.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

To top